Цел на петицијата: Бараме признавање на возачките дозволи издадени во Р. Македонија од страна на СР Германија

Цел на петицијата: Бараме признавање на возачките дозволи издадени во Р. Македонија од страна на СР Германија

Причини: Според официјалниот попис, во СР Германија заклучно со датум 31.12.2015 се регистрирани 95 976 македонски државјани (*1) (околу 5 проценти од вкупното население на РМ Македонија).
Бројот на регистирани македонски државјани во СР Германија, кој во периодот 2014-2015 се зголемил за 12 122, се очекува постојано да се зголемува, поради големата заинтересираност на македонските граѓани за работа во СР Германија.
Една од главните пречки на доселените работници и жители од Р. Македонија во СР Германија е неможноста за признавање / правење препис на македонските возачки дозволи во германски дозволи после 6 месеци престој во СР Германија.
Сметаме дека е непотребно да се бара од лицата кои што веќе имаат 6 месеци искуство со управување моторни возила во СР Германија, и поседуваат валидни македонски возачки дозволи, повторно да го преполагаат возачкиот испит во СР Германија.
Нужноста да македонските возачи во СР Германија после 6 месеци да мораат да го преполагаат возачкиот испит е додатен финансиски како и временски трошок, но и пред се, пречка во извршување на работните и секојдневните обврски поврзани со транспортот со сопствено или комерцијално возило.
Р. Македонија е земја кандидат за членство во ЕУ од 2005 и веќе има склучено договори со земјите членки на ЕУ Италија и Шпанија за реципрочно признавање на возачките дозволи (сите категории), како и земјите кандидати за членство во ЕУ Албанија, Србија и Црна Гора (*2)
Врз основа на Виенската конвенција за патен сообраќај (1968) (*3) , меѓусебно признавање на возачките дозволи (Б категорија) е склучено и со земјите членки на Европската Унија: Бугарија, Хрватска, Романија, Унгарија, Словенија, Белгија и Австрија (*2). Собранието на Р. Македонија прави постојани напори за усогласување на националното законодавство со европското законодавство со цел приближување кон стандардите на Европската Унија. Како дел од тој процес е изработена и Втората национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015-2020, согласно со регулативите, актите и документите од Европската унија наведени во поглавје 7.2 и 7.3 во документот ,,Втора национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015-2020‘‘ (*4)

Извори на информации:
(*1)Statistisches Bundesamt, Wiesbaden 2016: Fachserie 1 Reihe 2
https://www.destatis.de/…/AuslaendBevoelkerung201020015…
(*2) Министерство за внатрешни работи на Р.Македонија http://www.mvr.gov.mk/vest/246
(*3) Verordnung über die Zulassung von Personen zum Straßenverkehr (Fahrerlaubnis-Verordnung – FeV) § 29 Ausländische Fahrerlaubnisse
*4) Втора национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015-2020 http://www.rsbsp.org.mk/…/vtora_nacionalna_strategija.pdf

od: Aleksandar Buzleski

Izvor slike: / Bildquelle: http://sitel.com.mk/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2015/july/534534534543.jpg?itok=gUsfL1UD