Гласините за закон што ќе стапи во сила од 1.1.2019

Гласините за закон што ќе стапи во сила од 1.1.2019 и што ќе им овозможи исти права на граѓаните на земји што не се членки на ЕУ исти права како на граѓаните на земјите-членки на ЕУ НЕ СЕ точни!

Следети ги страниците на германските конзулати во регионите и не верувајте им на портали и онлајн весници кои објавуваат такви непроверени информации!

Важни информации за постапка за виза за работа во Германија / Informacion i rëndësishëm lidhur me procedurën e marrjes së vizës për punësim në Gjermani
Поради низа известувања што во последно време се објавуваат во медиумите во врска со постапката за виза за работа во Германија, германската Амбасада во Скопје соопштува:
Известувањата за нов закон што ќе влезе во сила од 1.1.2019 г. и на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ ќе им овозможи да се вработат во некоја ЕУ-држава под истите услови како граѓаните на земјите-членки на ЕУ, не се точни.
На граѓаните на земјите што не се членки на ЕУ потребна им е како досега, така и по 1.1.2019 г., валидна работна виза во Германија. Барањето за виза може да се поднесе само во германската Амбасада во Скопје и само таму се издава визата. 
Амбасадата укажува уште еднаш на тоа дека таа не соработува со посредници или агенции. Преку нив не може да се добие ниту термин порано ниту пак да се забрза визната постапка. Таксата за виза изнесува по правило 75,- евра и се наплаќа во готово (исклучиво во ЕВРА) директно на шалтерот за виза кога се поднесува барање за виза.  Други такси нема во Визното одделение.
Добивањето на обрасците и на упатствата, како и закажувањето на терминот се бесплатни.
Ве молиме да се информирате на веб-страната на германската Амбасада за предусловите и за времето на чекање за добивање на работна виза.

Извор: https://skopje.diplo.de/mk-de/service/05-VisaEinreise/-/1904560

 

Schreibe einen Kommentar

Deine E-Mail-Adresse wird nicht veröffentlicht. Erforderliche Felder sind mit * markiert.