Македонка од Оснабрук бара јавно признавање на македонските возачки дозволи

Македонка од Оснабрук бара јавно признавање на македонските возачки дозволи

L: I.R.

Ленка Страторска не смее да вози автомобил со нејзината македонска возачка дозвола. Германскиот закон тоа и го забранува иако таа вози автомобил веќе 16 години. Со истиот проблем се соочуваат и 100.00 други граѓани на Република Македонија кои веќе со години живеат и работат во Германија. Македонската возачка дозвола важи само 6 месеци во Германија па затоа македонските граѓани кои живеаат и престојуваат подолго од 6 месеци во Германија го губат правото да возат автомобил.

Во поголемиот број на држави постои билатерално признавање на возачки дозволи за граѓани кои живеат во Германија. Поради блокадата на преговорите со Европската Унија од грчка страна поради истоимена своја покраина сите преговори па дури и признавањето на возачки дозволи се блокирани. Како и секогаш, жртви на таа блокада се граѓаните на Република Македонија чии возачки дозволи не се признаат од 2005 година. Блокадата постои веќе 12 години и потполно е неснослива за граѓаните на Република Македонија и нивниот живот во Германија.

Соочени со блокадата македонските граѓани се принудени повторено да посетуваат германски автошколи и непотребно да даваат околу 1800€ за нова возачка дозвола.

.

Quelle / Извор : https://www.noz.de/lokales/osnabrueck/artikel/923013/osnabrueckerin-fordert-anerkennung-ihres-mazedonischen-fuehrerscheins-1
Bildquelle: Foto: Michael Gründel

Прочитајте ги и овии статии:

http://idemousvijet.com/njemacka/peticija-za-priznavanje-vozackih-dozvola-svih-gradana-iz-makedonije/

http://idemousvijet.com/njemacka/%d1%86%d0%b5%d0%bb-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%b5%d1%82%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b1%d0%b0%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%b5-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%b7%d0%bd%d0%b0%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd/

http://idemousvijet.com/njemacka/peticija-za-priznavanje-makedonskih-vozackih-dozvola-%d0%bf%d0%b5%d1%82%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%b7%d0%bd%d0%b0%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc/

Schreibe einen Kommentar

Deine E-Mail-Adresse wird nicht veröffentlicht. Erforderliche Felder sind mit * markiert.