IUSNJ NON EU – Броеви…

N: J.M.R / N.L.: D.A.

  1. Броеви

Никогаш во животот не сум ја сакала математиката. Ама често тоа што не го сакаш во детството, мораш да го проголташ како горчлива таблета кога ќе пораснеш.
Така е и во овој случај. Собирање, одземање, па малку и множење и делење се нешто кое често се сретнува за време на подготовките за одење во Германија а понатаму и во текот на самиот живот во оваа земја.

Па ајде да тргнеме со ред, или како што викаат од најмалиот до најголемиот број.

*забелешка – сите потребни документи се наоѓаат на форумот, со еден клик на линкот можете да видите што Ви е потребно.

Број 3 – волшебен број кој ќе Ве прати на секој чекор. Законски гледано најголемиот број на бирократски пречки за граѓани од земји кои не се членки на ЕУ се врти околу овој број.

Број 6 – Иако овој број скоро никаде не се гледа, тој е поврзан со многу одлуки. Во големиот број на случаите нема да Ви напишат месеци, туку недели и тука влегува математиката во игра бидејќи 24 недели не се ништо друго туку 6 месеци.

  • 6 месеци Ви трае првата влезна виза
  • 6 месеци може амбасадата да ви ги обработува документите ( 3 месеци да добиете Zustimmung + 3 месеци да ги обработат документите кои сте им ги предале)

Број 8 – толку години морате да престојувате во Германија за да стекнете право на државјанство.

Број 24 – толку платни листи Ви требаат за да добиете трајна работа дозвола – http://www.idemousvijet.com/forum/viewtopic.php?f=260&t=309&p=339#p339

Број 60  /  5 – и овде математиката ги претвора 60 месеци во 5 години

После 5 години стекнувате право на трајна работна дозвола

После 5 години стекнувате право на пензија

 

Број 90 – iако овој број може да се преведе во 3 месеци, во праксата не е така. Кај Shengen се битни деновите, бидејќи месеците немаат секогаш ист број на денови. На 90-от ден морате да излезете од Shengen, не само од Германија – http://www.idemousvijet.com/forum/viewtopic.php?f=246&t=273

 

 

Schreibe einen Kommentar

Deine E-Mail-Adresse wird nicht veröffentlicht. Erforderliche Felder sind mit * markiert.