Einwanderungsgesetz / Закон за имиграција

Einwanderungsgesetz / Закон за имиграција

Одамна баран, конечно постои сега нацрт-закон за имиграција. Меѓу останатото, би требал да им помогне на странци без дипломи кои работат во Германија. (Alex Krämer, ARD Capital Studio)
Нема големи изненадувања во подготоките на законот, бидејќи го спроведува тоа што релевантните министерства веќе договориле почетокот на октомври во темелите на законот за вселување.

Ова се најважните точки од новиот закон за вселување:

1) на стручни работни лица од држави кои не се ЕУ-членки ќе им биде дозволено да влезат во Германија за шест месеци за да си најдат работа.

2) во иднина лица со престој кој се толерира моментално (азил) ќе бидат сигурни од депортација ако се добро интегрирани и имаат работа.

3) домашните работници имаат приоритет над странските работници (поднесувачи на барање за работа во Германија) и не смеат да си бидат ефтина конкуренција.

4) предуслов за влез во Германија за барање работа мора да биде доволна стручна квалификација.

5) предуслов за влез во Германија за барање работа мора да биде доволно познавање на германскиот јазик.

6) стручниот работен кадар мора да си го финансира сам престојот во Германија.

7) стручниот работен кадар нема право на социјални накнади или давања.

8) Германската влада има право да им блокира одредени сектори на странските стручни работници, на пример, кога ќе се влоши економската ситуација и не постои веќе таква потреба во тие подрачја.

Погледај:
http://idemousvijet.com/njemacka/tocke-planiranog-zakona-o-useljavanju-strucnog-radnog-osoblja-izmedu-njemackih-partija-union-cdu-csu-i-spd-a/

 

Извор:
https://www.tagesschau.de/inland/einwanderungsgesetz-113.html

Schreibe einen Kommentar

Deine E-Mail-Adresse wird nicht veröffentlicht. Erforderliche Felder sind mit * markiert.