Peticija za priznavanje vozackih dozvola iz Makedonije!

Почитувани,
Завчера беше остварена средбата меѓу Министерот за Надворешни работи на Р.Mакедонија,господинот Никола Димитров – Nikola Dimitrov и неколку претставници на македонската заедница (дел од претставниците на иницијативата за признавањето на возачките дозволи) од СР Германија.
Средбата беше позитивна и притоа беа дискутирани неколку важни теми кои ги засегаат Македонците во Германија.
Како главна точка се издвои темата за признавањето на македонските возачки дозволи во Германија. Во прилог краток преглед:

1. Процедурата за потпишување на декларацијата за заемното признавање на возачките дозволи меѓу Р. Македонија и СР Германија е во финална фаза. Министерот изрази надеж дека до крајот на годината се очекува потпишувањето на истата.
2. Се очекува зголемена активност од страна на МНР во насока на подобра функционалност и нивно претставување на дипломатско конзуларните претставништва во СР Германија.
3. Подобрување на соработката на релација МНР – Македонци во Германија во иднина.

Му благодариме на Министерот за позитивната средба и се надеваме на идна соработка.

п.с. Петицијата е се уште во тек и затоа не заборавајте да ја подржите на долу наведениот линк.
https://www.openpetition.de/petition/online/initiative-fuer-anerkennung-der-in-mazedonien-ausgestellten-fuehrerscheine-seitens-der-bundesrepubli

Еве Ви го и упатството за потпишување на петицијата:

https://youtu.be/d_8B-9MgfPk
Со почит,

Aneta Uncevska
Daniela Savovski
Aleksandar Buzleski

Schreibe einen Kommentar

Deine E-Mail-Adresse wird nicht veröffentlicht. Erforderliche Felder sind mit * markiert.